СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

ВИДЕО покажува интересна промена во дизајнот на Mate X

Првиот паметен телефон со екран на преклоп на Huawei – Mate X се очекува да биде достапен за корисниците во Кина до крајот на месецот, а сега, благодарение на истекување на видео, гледаме една од очекуваните промени во дизајнот на уредот. Споредено со претходните прототипи што ги покажаа Кинезите, конечната верзија се чини дека има ново копче за отклучување на механизмот за ширење.

Ова ќе спречи случајно отворање на дисплејот и евентуално оштетување на панелот од тоа. Компанијата постојано ја одложуваше премиерата на пазарот на својот уред за да ги избегне проблемите со кои се соочуваше Galaxy Fold.

Ќе биде интересно да се види што друго се сменило во производот и како ќе се справи во реални услови меѓу потрошувачите.

Поврзани вести

Facebook Messenger овозможува да разговарате со пријателите во виртуелна реалност

Влатко Зорба

Кој е најиздржливиот смартфон за 2020 година?

Влатко Зорба

Samsung наскоро може да претстави сензор од 200MP

Влатко Зорба