СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Winemaker dinner series во Дистрикт, со Château de Gourdon вината на Тиквеш

На 24-ти октомври, Дистрикт бар и ресторан организира уште едно издание на вечерите посветени на гастрономската уметност на спарување храна и вино, насловена Winemaker dinner series. Гостите ќе имаат можност да уживаат во лична презентација на 5 избрани француски специјалитети, од страна на главниот шеф во Дистрикт, Кирил Ставрев, сите надополнети со внимателно селектирани премиум вина од Château de Gourdon – серијата на винарија Тиквеш.

Спојувањето на секој оброк со соодветно вино има за цел дополнување на вкусовите што ги нуди секој оброк и нивно интензивирање, кое резултира со неверојатно доживување за сетилото за вкус и како целина пружа извонредно уживање. За изборот на вината ќе се погрижат искусните енолози на Тиквеш, кои исто така ќе имаат кратка презентација на вечерата и на гостите ќе им откријат дел од своите знаења.

„Хармонијата на вистинското вино за одреден вид храна ги истакнува вкусовите и на оној којшто ги консумира му пружа огромно задоволство, многу подобро отколку засебно консумирање на овие две работи. Оваа вечер е посветена на вистинските гурмани, а комбинациите на вкусовите гарантирано ќе ги задоволи и оние со најспецифичен вкус за добра храна и квалитетно вино“, вели Кирил Ставрев, главен шеф во Дистрикт.

Поврзани вести

КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд веќе управува со 15 милиони евра издвоени за дополнителна пензија

msp-admin

60 милијарди долари од американските стимулации ќе заминат за Кина

Влатко Зорба

Tesla отвора голема фабрика во Европа

msp-admin