СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

5Г технологија носи иновации какви што досега немаме видено

Операции на далечина, контролирање на работата на домашните апарати од далечина, паметни фабрики, паметни мрежи, урбана сигурност, паметно земјоделство, паметни нови медиуми, брзина на интернетот се само дел од придобивките од 5 Г мрежата. Како функционира 5Г мрежата може да се види во Галилео Хуавеи центарот каде за медиумите беше организирана виртуелна тура со цел да се прикаже предноста на 5Г наспроти 4Г мрежата. Центарот е наречен Галилео по името на астрономот што го изуми телескопот. Изум што го бутна знаењето напред и го направи универзумот поблизок до луѓето. Исто е и со центарот на Хуавеи каде идејата е да се доближи новата технологија до широката популација.

Технологијата 5Г не е само мобилна технологија ограничена на комуникацијата помеѓу двајца, туку е многу посуштинска. На медиумите им беше претставена целата технологија како и антената Хуавеи 5G AAU што е најкомпактна и најлесна антена на светот и може лесно и брзо да се инсталира на кое било место. Како дел од презентацијата беше покажано и што придонесува за брзиот сигнал и колку е побрз интернетот со оваа технологија што дава можност за стриминг емисии и концерти преку виртуелна реалност. Според Хуавеи, за една година бројот на лица што се префлиле на 5Г мрежата е ист со бројот на лица кои во временски рок од 3 години се префрлиле од 3 на 4Г мрежата.

На виртуелната тура беше претставен и Huawei Cyber Security Transparency Centre што е основан во Брисел со цел да ја зголеми сајбер безбедноста на корисниците. Центарот има за цел да креира иновации и да гарантира целосна безбедност на системот како и верификација на сигурноста со давање на white-box за верификација и тестирање на black-box.

Поврзани вести

Банкротираше познат ланец на ресторани за брза храна

msp-admin

Huawei ќе произведува 5G опрема во Европа

msp-admin

Пандемијата за прв пат не е најголем ризик за инвеститорите

Влатко Зорба