СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Дизелот поевтинува за еден, а бензините за пола денар

Горивата од полноќ добиваат нови и пониски цени, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Бензините поевтинуваат за половина денар, па литар Еуросупер БС – 95 ќе се продава за 58 денари, додека Еуросупер БС – 95 за 60 денари. Новата цена на Еуродизелот Д-Е V ќе биде 49,50 денари за еден литар, додека Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 49 денари.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,107 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 26.10.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 25,831 ден/кг.

Поврзани вести

Што може да се купи низ светот за еден долар?

msp-admin

До 10 јуни: Во Скопје згаснале 35,5% од вкупниот број на компании

msp-admin

Зелено светло: Microsoft доби дозвола да купи гејминг гигант

Влатко Зорба