29.8 C
Скопје
11 септември, 2026
СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Најскапата куќа во Белград продадена за 4,5 милиони евра

Најскапиот недвижен имот што минатата година бил продаден во Србија е куќа во белградската населба Дедиње за којашто новиот сопственик одвои 4.500.000 евра, пренесуваат српските медиуми, пишува Бизнис Инфо.

“Оваа улица којашто со децении важи за симбол на моќ, богатство и влијание, очигледно и понатаму претставува една од најатрактивните локации во Белград“, наведуваат од Републичкиот геодетски завод на Србија.

Оттаму додаваат дека покрај традиционални атрактивните локации, во Србија од почетокот на неговата изградба се наметна и Белград на вода. Токму на таа локација е продаден најскапиот стан во Србија, чија вредност достигна 1.319.888 евра, по цена од 8.683 евра за метар квадратен.

“Дека во Србија има кој да плати вака скапи станови, покажуваат нашите податоци, меѓу коишто се евидентирани неколку договори со слични постигнати цени“, велат од тамошниот Геодетски завод.

Иако новоизградените недвижнини имаат свои предности, центарот на главниот град, околу Плоштадот Република и улицата Кнез Михајлова, сепак држи високи цени, па така, иако се стари градби, купен е стан по цена од над 6.000 евра за метар квадратен.

Поврзани вести

Биткоин надмина вредност од 28.000 долари

msp-admin

Huawei го објави решението за мрежи со нулта емисија на јаглерод

Влатко Зорба

Фолксваген одби понуда за преземање на Ламборџини