СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Сирс“ затвора третина од своите продавници

Американската компанија „Трансформ Холдко“, сопственик на „Сирс“ и „Кејмарт“, затвора 96 продажни локации или околу третина од сите свои продавници на двата малопродажни гиганти.

„Сирс“ и „Кејмарт“ се едни од најстарите синџири на стоки за широка потрошувачка во САД отворени во 19 век. Првата, на пример, беше најголема малопродажна компанија, која потоа беше надмината од „Волмарт“. Двете продавници во последно време се соочуваат со тешкотии, „Сирс холдинг“ од 2011 година работи со загуби, не може да ја издржи конкуренцијата со онлајн продавниците, па лани во октомври отиде во стечај.

Холдингот годинава беше откупен од милијардерот Еди Ламперт за 5,2 милијарди долари, по што сопственик стана „Трансформ Холдко“, компанија создадена специјално за тоа а управувана од инвестициски фонд на Ламперт.

Во минатото „Сирс“ поседуваше 3.500 продавници, а кога беше откупен од Ламперт, малопродажниот гигант имаше само 425 продавници, по што за неколку месеци беа затворени околу 150 и сега по затварањето на уште 96, ќе останат да работат само 182 продавници.

Затварањето на продавниците ќе се одвива од декември до февруари.

Поврзани вести

„Луфтханза“ крати 22.000 работни места

msp-admin

Платите во Германија на удар на пандемија во 2020 година

Влатко Зорба

Продолжениот викенд од 10 до 12 октомври ќе биде „Викенд без ДДВ“

msp-admin