СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Во Кина се градат три кули во стилот на Господар на прстените

Господар на прстените е еден од најпродаваните романи и тоа не само на Запад, туку и на Далечниот исток.

Трилогијата од која настанаа и познатите филмски хитови се покажа како многу популарна и во Кина така што моментно во изградба се три облакодери по примерот на ремек делото на Толкин.

Комплексот вреден нешто повеќе од два милиони долари, го чинат три облакодери високи 107 метри и висок ходник кој прави прстен на врвот сличен на оној во Господар на прстените.

Сместен во Чонгкинг на југозапад од Кина, архитектонскиот подвиг е наречен „Господар на прстените“ во знак на измислениот свет кој го создаде Толкин.

„Господар на прстените“ на кинески е преведен како „Трилогијата на магичниот прстен“

Просторот за набљудување на врвот е тежок 2.060 тони и виси на 99,8 метри. Ја поддржуваат три околни кули.

Поврзани вести

Сметководителите не издејствуваа нов рок за даночните пријави, за утре закажан протест пред Влада

Влатко Зорба

Бочаврски: По Коридород 10 ќе биде поставен систем за известување за состојбата на патот

Берта Китинска

Царовска: Го стабилизравме пензискиот систем и оезбедивме повисоки пензии