СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„BioNTech“: Застојот на ЕУ во набавката на вакцините е изненадувачки

Шефот на истражувачката компанија од Мајнц, „BioNTech“ – Угур Шахин, рече дека е зачуден од колебливите нарачки за вакцини од Европската унија (ЕУ). Процесот во Европа не беше брз и јасен како и во другите земји, заради правото на одделни земји да имаат збор, изјави лекарот специјализиран за третман на рак за Шпигел.

ЕУ се потпира и на други производители, кои сега не можат да доставуваат толку брзо. „Очигледно преовладува впечатокот: Нема да биде толку лошо и ќе држиме сè под контрола“, рече Шахин и додаде: „Јас сум изненаден“.

Специјалистот претпоставува дека неговата компанија ќе има јасност во врска со понатамошните количини на производство за вакцината до крајот на јануари.

„Се обидуваме да најдеме нови партнери за соработка што ќе произведуваат за нас. Но, да не лажеме дека специјализираните фабрики ширум светот се празни, неискористени и преку ноќ можат да произведат вакцина со потребниот квалитет“, рече Шахин. „На крајот на јануари ќе имаме јасност за тоа дали и колку повеќе можеме да произведеме“.

„Во моментов, општите достапни вакцини против Ковид-19 „не изгледаат розово“ затоа што нема други одобрени и треба да ја пополниме оваа празнина со нашата вакцина“, рече тој. Затоа, германската компанија тесно соработуваше со нејзиниот американски партнер „Pfizer“ за да ја истражи можноста за зголемено производство на сопствена вакцина.

BioNTech и Pfizer се одобрени во ЕУ непосредно пред Божиќ и се користат веќе неколку дена. Во моментов нема дополнителни одобренија за вакцини во ЕУ. Меѓународната заедница веќе започна да нарачува дози на вакцини од неколку производители, кои сè уште се развиваат.

На прашањето дали BioNTech може да лиценцира други компании да ја произведуваат новата вакцина, Шахин ја истакна комплексноста во производството на таканаречени mRNA вакцини.

„Вие не можете само да ги префрлите производните линии, така што одеднаш се произведува вакцина наместо аспирин или сируп за кашлица. Процесот бара долгогодишно искуство и соодветна структурна и технолошка опрема“, истакна тој.

Поврзани вести

Над 10 милиони евра сме потрошиле на онлајн купување од домашни компании во март

msp-admin

Toyota ги надмина конкурентите и ги зголеми изгледите за профит во 2021 година

Влатко Зорба

Штедење во изолација – трошоци кои сега исчезнуваат

msp-admin