СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Bosch ќе инвестира во развој на мотори со внатрешно согорување уште најмалку 20 години

Судејќи според најновите информации, Bosch не се откажува од моторите со внатрешно согорување.

Како што објавија од „Фајненшл тајмс“, Бош е против фиксацијата на Европската унија со електричните погони. Тие велат дека првиот човек на Bosch, најголемиот снабдувач на делови за автомобилската индустрија, Волкмар Денер ги критикувал мерките насочени кон искоренување на моторите со внатрешно согорување, обвинувајќи ја ЕУ дека има многу ограничени ставови.

„Климатските промени не значат крај на моторите со внатрешно согорување. Крајот е за фосилните горива. Исто како што електромобилноста и полнењето од алтернативни извори го прават сообраќајот на СО2 неутрален, така тоа значи и за обновливите горива“, рече Денер.

Најмногу му пречи ексклузивноста на одредени компании, како што се Волво и Фолксваген, кои не размислуваат за водород, туку едноставно го запираат развојот на моторот. И со оглед на претстојниот стандард Еуро 7 и драстичниот раст на популарноста на електричните возила (Германија, + 143% во 2020 година), малкумина очекуваат бензински мотори да преживеат.

Bosch соопшти за инвестиција од 5 милијарди евра во технологии за електромобилност, но тврди дека дизел и бензинските мотори „веќе немаат забележително влијание врз квалитетот на воздухот“. Затоа, еден член на одборот за Фајненшл тајмс изјави дека Bosch ќе продолжи да инвестира во развој на мотори со внатрешно согорување уште најмалку 20 до 30 години.

Поврзани вести

Над милијарда iPhone телефони моментално се користат ширум светот

Влатко Зорба

СБ ја подобри прогнозата за економскиот пад на Западен Балкан во 2020 година

msp-admin

Кои се најголеми потрошувачи на вода во земјава?

msp-admin