СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

PwC: 10 земји кои ќе бидат светски велесили во следните 30 години

За 30 години, повеќето од најголемите светски економии ќе бидат оние што се денес во развој. Во иднина, тие би можеле да ги надминат големите сили како САД, Јапонија и Германија.

„Брегзит“, пандемијата и трговските потешкотии донесоа економски пад, но и покрај овие предизвици, се предвидува светската економија да расте со брзо темпо во следните неколку децении.

Всушност, глобалниот пазар се предвидува двојно да се зголеми до 2050 година, иако Обединетите нации (ОН) предвидуваат дека светската популација ќе порасне за само скромни 26 проценти.

Овој раст ќе донесе многу промени. Иако е предизвик да се предвиди како ќе се одвиваат работите во иднина, повеќето економисти се согласуваат за една работа – денешните пазари во развој ќе бидат утрешните економски суперсили.

Според извештајот на една од најголемите светски меѓународни сметководствени компании, PwC, списокот на светски економски сили во 2050 година ќе изгледа вака:

1. Кина
2. Индија
3. САД
4. Индонезија
5. Бразил
6. Русија
7. Мексико
9. Германија
10. Обединетото Кралство

Дури и релативно малите економии како Виетнам, Филипини и Нигерија ќе забележат големи скокови на рангирањето во следните три децении, се вели во извештајот.

Кина, која го зазема првото место, веќе може да се пофали со водечката економија во светот, со оглед на куповната моќ на своето население.

Економистите предвидуваат дека реалниот раст се очекува дури во следните децении.

Поврзани вести

Пазарната капитализација на Tesla се намали за скоро 90 милијарди долари за само една недела

Влатко Зорба

„Скандал Wirecard“: Шефот на германскиот финансиски регулатор е отпуштен

Влатко Зорба

Дарежлива помош за 5 сектори: Оваа европска земја има мисија да спречи ширење на сиромаштија

Влатко Зорба