СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Доларот зајакнува втора недела по ред

На светските пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата со валути порасна минатата недела, втор пат по ред, бидејќи инвеститорите се надеваат дека благодарение на новите стимулативни мерки, американската економија ќе закрепне побрзо од коронакризата од другите.

Индексот на доларот, што го покажува движењето на САД кон другите шест најважни светски валути, минатата недела зајакна 0,6 проценти, на 91,03 поени и во еден момент достигна 91,60 поени, што е највисоко ниво во последните два месеци.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна за 0,65 проценти на 105,40 јени.

Американската валута исто така зајакна во однос на европската валута, па цената на еврото се лизна за 0,75 проценти на 1,2045 $, и во еден момент, за прв пат по два месеци, се лизна под нивото од 1,20 долари.

Се до петокот, вредноста на доларот во однос на кошницата со валути растеше од ден на ден, поддржана од очекувањата на инвеститорите дека заздравувањето на американската економија ќе биде посилно отколку во другите големи економии.

Инвеститорите исто така се надеваат дека Конгресот на САД наскоро ќе го прифати пакетот од 1,9 трилиони американски долари за фискален стимул на американскиот претседател Џо Бајден, за кој очекуваат да го поддржи закрепнувањето на економијата.

Во таква атмосфера се зголемија приносите на американските обврзници со подолг рок на достасување, што исто така обезбеди поддршка за американската валута.

Во јануари, бројот на вработени во САД се зголеми за само 49.000, помалку отколку што се очекуваше, додека ревидираните податоци за декември покажаа дека во тој месец се изгубени повеќе работни места отколку што првично беше објавено.

Ова укажува на бавно закрепнување на пазарот на трудот, кој беше силно погоден од коронакризата. Имено, во јануари, во споредба со истиот период минатата година пред избувнувањето на коронакризата, имало скоро 10 милиони помалку вработени Американци.

Благодарение на растот во последните неколку недели, доларот во однос на кошницата со валути во плус од 1,2 отсто од почетокот на годинава, откако лани ослабе за околу 7 проценти.

Поврзани вести

100 милиони работници ќе треба да бараат нова работа во западните земји

Влатко Зорба

Vodafone и Qualcomm во пакт да ja поттикнат примената на Open RAN

Stefanija Kuzmanovska

Маск тврди дека неговиот следен производ ќе биде „убиствен“

msp-admin