СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Твитер во 2020 година забележа загуба од 1,14 милијарди долари

Американската компанија за социјално вмрежување Твитер во средата ги објави своите финансиски резултати за фискалната 2020 година, што покажа дека Твитер забележа нето загуба од 1,136 милијарди долари во 2020 година во однос на нето приходот.

Според компанијата, „нето загубата за 2020 година е 1,14 милијарди долари, што претставува нето-маржа од -31 процент и разредена EPS (заработка по акција) од 1,44 долари. Тоа се споредува со нето-приходот за 2019 година од 1,47 милијарди долари, што претставува нето-маржа од 42% и разреден EPS од 1,87 $. Двата периоди беа погодени од безготовинско прилагодување, поврзано со даноците“, се вели во соопштението.

Трошоците и расходите беа 3,69 милијарди долари, што е за 19 проценти повеќе од претходната година, додека приходите беа 3,72 милијарди долари.

Твитер во своите извештаи покажа дека за првиот квартал на 2021 година очекува вкупните приходи да бидат помеѓу 940 и 1,04 милијарди долари.

„Како што влегуваме во 2021 година, нашите цели се слични на претходните години, а нашиот успех најдобро ќе се мери според способноста да го зголемиме бројот на корисници, како и да обезбедиме финансиски резултати во согласност со нашите упатства“, се вели во извештајот.

Поврзани вести

Поради нападите од ЕУ, „АстраЗенека“ ги качува цените на вакцините?

Влатко Зорба

Младите „бегаат“ од кредитни картички

Влатко Зорба

Xiaomi пушта фабрика за паметни телефони во Пекинг

msp-admin