СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Алибаба очекува 15 милијарди долари од продажба на акции

Кинескиот онлајн гигант за малопродажба „Алибаба“ се надева дека ќе собере до 15 милијарди американски долари во почетната јавна понуда (ИПО) во Хонг Конг.

Продажбата на акции од најголемата компанија во Азија ќе се изврши во време кога властите во Хонг Конг со месеци се соочуваат со жестоки протести, што ја влошува економијата и угледот на финансискиот центар.

Алибаба се обидува да добие меѓу 10 и 15 милијарди долари при првичното јавно понудување, наведува „Блумберг“.

Компанијата, која веќе е на списокот на технолошката берза „Насдак“ во Њујорк, планираше да биде вклучена во списокот во текот на летото, но прекина поради долготрајните демонстрации во градот и кинеско-американската трговска војна.

Поврзани вести

ССК: Сите платформи во општеството треба да се креираат со квалитет и компетентност

msp-admin

На платформата за онлајн настава на Меѓународниот Балкански Универзитет креирани 500 предмети од летниот семестар

msp-admin

Благодарение на поддршката од Германија, градовите ширум Балканот привлекуваат трипати повеќе инвестиции

msp-admin