СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Традиционалистите нека седнат: BMW воведува „Neue Klasse“

Секој што е „ужасно потресен“ за дизајнот на новата предна маска на сегашните модели на BMW, нека седне. Од 2025 година наваму, германската компанија ќе претстави радикално различни автомобили. „Neue Klasse“ е трета фаза во електричната трансформација на BMW што воведува нов дизајн и се фокусира на напредниот софтвер.

Од 2025 година, групацијата BMW влегува во „третата фаза“ на преминот кон електрификација и дотогаш планира да продаде два милиони електрични возила на клиенти ширум светот. „Нова класа“ значи дека BMW ќе воведе нова генерација на електрични погонски единици во оваа фаза, ќе прифати „радикално нов“ пристап кон одржливоста и ќе воведе нова софтверска платформа.

Моделите од оваа нова класа ќе бидат драстично различни во дизајнот од сегашните модели на BMW, и како што велат од компанијата, „тие ќе имаат пропорции кои се различни од минатото“, а акцентот ќе биде ставен на обезбедување поголем внатрешен простор.

Првата фаза во процесот на трансформација на BMW започна со лансирање на програмата „Project i“, во која ги прикажа своите први електрифицирани модели, како што се BMW i3 и i8, и која истражуваше нови можности во софтверот и „интеракцијата на дигиталното возило“.

Втората фаза ја претстави стратегијата „Моќта на избор“, во која се достапни сите модели на BMW со различни погонски единици – од моторот SUS, преку хибридниот, plug-in хибридниот до чисто електричниот.

И сега, во оваа трета фаза, BMW ќе развие и ќе понуди „целосно ново корисничко искуство никогаш порано видено во сериските возила“. Ќе се фокусира на нов пристап кон платформите за возила и воведување на специјални технолошки пакети, што ќе овозможи прилагодување на оперативниот систем за секое возило одделно, во зависност од регионот во кој се продава.

„Групата BMW никогаш не била задоволна од постигнатото досега – тоа е она што ја издвојува од останатите. Тој дух исто така ќе го карактеризира „Neue Klasse“: хај-тек на четири тркала за клиенти кои имаат намера да доживеат како ќе изгледа мобилноста во 2030 година за само пет години“, изјави извршниот директор Оливер Зипс.

До 2023 година, германската компанија ќе има 12 целосно електрични возила на продажба ширум светот, нудејќи барем еден електричен автомобил во 90% од сегашните сегменти на пазарот.

Поврзани вести

Многу скоро светот може да има нов најбогат човек – и тоа ќе биде Елон Маск

Влатко Зорба

Комерцбанк очекува загуби и оваа година

Влатко Зорба

Тајно ВИДЕО од состанок на Твитер: Наметнува ли Џек Дорси цензура?

Влатко Зорба