СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

3 лекции кои инвеститорите ги научија во 2020 година

2020 година се покажа како силна година за берзите – нешто што многу инвеститори не го очекуваа за време на продажбата во март, пишува „The Wall Street Journal“.

Индексот „Dow Jones Industrial Average“ ја заврши годината на рекордно високо ниво, заедно со „S&P 500“. Првиот пазар на јавни понуди беше исто така силен. Пред само две недели, „Airbnb“ излезе во јавноста, а неговото деби се покажа како зачудувачко, што го остави без зборови за минута извршниот директор на компанијата, во ТВ-изјава во живо.

Сепак, 2020 година беше тешка година за светот надвор од Вол Стрит. Суровата реалност е дека пазарното „рели“ се случи во време на пандемија што однесе повеќе од милион животи, ги замрзна деловните активности и патувањата и нанесе силен удар на економијата. Иако има многу причини за закрепнување на пазарите, меѓу нив е и масовната интервенција на Федералните резерви – силното работење на берзите е сè уште тешко разбирливо за многу инвеститори.

Еве неколку лекции што ги научиле инвеститорите во оваа незаборавна година:

Пазарите не ја одразуваат целосно економијата

Кога пазарите се повлекоа од дното на 23 март и почнаа да се опоравуваат, многу набудувачи беа збунети. Во тоа време, бројот на новозаразени со Ковид-19 се зголемуваше. Ресторани, продавници и театри беа затворени, а милиони Американци беа принудени да аплицираат за надоместоци за невработеност.

Обично прашање тогаш беше како пазарите можат силно да се однесуваат кога економијата се соочува со толку силен удар. Одговорот е дека берзите често почнуваат да закрепнуваат порано од економијата.

Во случај на финансиска криза, американскиот пазар ги забележа своите најслаби перформанси на 9 март 2009 година, но од тоа време беа потребни седум години за стапката на невработеност да се спушти на нивото пред кризата.

Вреди да не се напушти пазарот

За време на пандемиската и финансиската криза, оние што продаваа поради лоши вести и чекаа економско закрепнување да се вратат на пазарот, ги пропуштија можностите.

Повратот на хипотетички инвеститор, кој вложил 10.000 долари во индексот „S&P 500“ во раните 1980-ти и ги пропуштил петте најсилни денови на пазарот до крајот на август 2020 година, ќе биде за 38 процентни поени помал од повратот на оние што останаа на пазарот во текот на целиот период, велат аналитичарите на „Фиделити инвестментс“.

Прогнозите се само прогнози

Во тоа време минатата година, стратезите на Волстрит ја наведоа трговската војна меѓу САД и Кина како најголем ризик на пазарот. Набргу потоа, овие проблеми брзо беа заменети со пандемијата на коронавирус и затворањето што го предизвика.

Експертите предвидуваат и слаб раст на „S&P 500. Од март, аналитичарите на „BMO Capital Markets“ и „Oppenheimer Asset Management“ изјавија дека ќе ги одложат своите цели до крајот на годината поради тешкото предвидување на пазарот.

Другите ги намалија своите цели по пролетната продажба, за да ги зголемат повторно за време на летното „рели“. Групацијата „Голдман Сакс“ ја намали својата годишна цел за индексот на 3.000 поени во март, а потоа ја зголеми на 3.600 поени во август и на 3.700 во ноември. На крајот, индикаторот ја заврши годината на ниво од нешто повеќе од 3.756 поени.

Поврзани вести

АЕК објави резултати од мерење на квалитетот на мобилните мрежи на А1 и Македонски Телеком во Тетово и Илинден

msp-admin

Работа од дома на Малдиви? Колегите би ви завидувале, а цената е „вистинска ситница“

msp-admin

Зелено светло: Microsoft доби дозвола да купи гејминг гигант

Влатко Зорба