СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Британскиот извоз на храна и пијалоци во ЕУ се намали за 75,5%

Извозот на британска храна и пијалоци во Европската унија се намали за 75,5 проценти во јануари, објави денеска Федерацијата за храна и пијалоци, припишувајќи го тој резултат најмногу на трговските бариери по „Брегзит“.

Оваа организација изјави дека трговската рута за Ирска е најтешко погодена. Според Ројтерс, Ирска беше најголемиот британски пазар во јануари 2020 година, со учество од околу 18% во вкупниот извоз на храна и пијалоци во Велика Британија. Тој удел падна на само пет проценти во јануари годинава.

Иако залихите пред Брегзит и слабата побарувачка како резултат на мерките за затворање за време на пандемијата беа еден од факторите што драстично го намалија извозот, асоцијацијата проценува дека „најголемиот дел“ од падот веројатно е предизвикан од нови нецарински бариери што особено ги погодија помалите производители.

Поврзани вести

Тонат акциите на Јувентус и Манчестер Јунајтед

Влатко Зорба

Фејсбук потрошил 23 милиони долари на Закерберг во 2019 година

msp-admin

Петров: ФИТР е двигател на иновациите, затоа е логичен след за мојата кариера

msp-admin