СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Баумер“: Критериумите тука се исти како и оние во Швајцарија или во Германија (ВИДЕО)

Оливер Вице, еден од сопствениците на „Баумер“ во својот говор на денешното отворање на фабриката нагласи дека одлуката на компанијата да инвестира во Северна Македонија е донесена заради поволните политики за поддршка на странските инвестиции, заради постоењето на висококвалификувана работна сила, како и заради пристапот до пазарот на ЕУ за пласирање на производите.

„Никогаш до сега не сме изградиле толку бргу, и тоа што е особено битно е што тоа е постигнато според нашите швајцарски стандарди за градење и за отпочнување на технолошкиот процес. Тие критериуми тука се исти како и оние во Швајцарија или во Германија“, истакна д-р Оливер Вице, еден од сопствениците на групацијата „Баумер“.

Поврзани вести

Битиќи: Поднесени се 34.000 апликации за финансиска помош за компаниите

msp-admin

Германците најдоа решение за одржување на божиќни панаѓури (ВИДЕО)

msp-admin

Мнучин: Администрацијата на Трамп ќе ја провери понудата на „Оракл“ за „ТикТок“

msp-admin