СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Pixel 4 XL „падна“ на тестовите на „JerryRigEverything“ (ВИДЕО)

Благодарение на Зак од каналот „JerryRigEverything“ на YouTube, добиваме прилично добра идеја колку се издржливи најновите смартфони од висока класа од најразлични производители, а најновиот модел, кој му гостува, е Pixel 4 XL. Екранот на телефонот со Gorilla Glass 5 се справува очигледно добро на тестот за гребење, оставајќи траги од инструменти со цврстина од 6 по скалата на Мос. Металната рамка на уредот има мат финиш, кој лесно се отстранува со моделен нож, а копчето за вклучување е пластично и исто така лесно се гребе.

Екранот има стапка на освежување од 90Hz, што се активира на ниво на осветленост над 75%, а неговите пиксели продолжуваат да функционираат нормално по загревањето со запалка околу 40 секунди.

Проблемот доаѓа со тестот за флексибилност бидејќи уредот пука на неколку места кога ќе се притисне. Ова се должи на позиционирањето на вградените антени, што доведува до појава на слабости во рамката на уредот.

Сепак, моделот продолжува да работи, а стаклениот панел дури останува цврст.

Поврзани вести

Нови телефони на BlackBerry, со класични тастатури и 5G, пристигнуваат оваа година

Влатко Зорба

Nvidia вклучила програма во новата графичка картичка за да ги одврати Етереум „рударите“

Влатко Зорба

Apple нема да ги претстават iPhone 11S, iPhone 11S Pro и iPhone 11S Pro Max

msp-admin