СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Зошто пазарот на смартфони со „флексибилен“ дисплеј е во застој?

„Флексибилните“ уреди со екран на преклопување се добредојден чекор напред на пазарот на паметни телефони, но брзината на прифаќање на новиот форм-фактор ќе зависи од надминување на некои бариери. Експертите од Strategy Analytics ги посочуваат главните пречки.

Една од нив е несоодветната цена на уредите во однос на нивната вредност во перцепцијата на потрошувачите. Иако поголемиот дел од корисниците во Велика Британија и САД сакаат да имаат мал паметен телефон со голем дисплеј, тие не се подготвени да платат дополнително за таков уред. Производителите треба да разберат дека продажбата ќе биде ниска се додека цените не паднат.

Втората бариера е желбата на корисниците да го користат паметниот телефон со едната рака, како при класичниот форм-фактор. Ако ваквиот телефон не може да се користи во преклопена состојба како и обично, ова ја намалува неговата привлечност, бидејќи при отворена состојба ги ангажира двете раце на корисникот.

Исто така, важно е корисниците да ги разберат придобивките и потенцијалот на паметниот телефон со екран на преклоп, настрана очигледниот „профит“ од големината на екранот – на пример, кога гледаат видео.

Промовирање на нови сценарија за употреба е од суштинско значење за успехот на ваквиот тип паметни телефони, велат аналитичарите.

Поврзани вести

Apple може драстично да го намали производството на iPhone 11 Pro

msp-admin

Google ќе плати 76 милиони долари на француските медиуми за авторски права

Влатко Зорба

„Хуавеи“ исфрлен од срцето на ЕУ

msp-admin