СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Пендаровски со стопанските комори од С. Македонија и Србија разговараше за продлабочување на трговската размена

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, кој е во официјална посета на Република Србија, денеска во Белград присуствуваше на средбата на стопанските комори од Република Северна Македонија и од Република Србија.

На средбата, соопшти Кабинетот на претседателот, се разговараше за продлабочување на надворешно-трговската размена при што е оценето дека постои голем потенцијал за интензивирање на соработката за полесен пристап до трети пазари.

Пендаровски истакна дека од големо значење е зајакнувањето на регионалната соработка за зголемување на економскиот развој, намалување на невработеноста, подобрување на социјалната благосостојба на граѓаните, како и зголемувањето на трговската размена и инвестициите. -Воспоставувањето заедничко гранично управување на Табановце/Прешево, како што рече претседателот, е одличен, прв чекор за олеснување на протокот на стоки за компаниите, а со унапредување на неговото работење ќе се забрза протокот на стоки.

Во однос на новата иницијатива за идно слободно движење на стоки и услуги, но и работна сила, како и меѓусебно признавање на професионалните квалификации, Пендаровски истакна дека основна цел на оваа иницијатива треба да биде зголемување на регионалната соработка и понатамошна интеграција на државите во Европската Унија преку имплементација на европските правила и стандарди на регионално ниво. Тој изрази надеж дека сите западнобалкански држави ќе се приклучат на оваа иницијатива.

На средбата меѓу коморите е разговарано и за мерките што може да се преземат за понатамошно олеснување на условите за бизнисот во смисла на укинувањето на тарифните бариери, сведување на царинските мерки на минимум во регионот, елиминирање на сите барања на податоци што не се во согласност со меѓународните препораки и договори, како и на намалување на трошоците за обезбедување на истите и усогласување на работното време на органите во двете земји кои се надлежни за спроведување на увозно-извозните постапки.

Во таа насока, стои во соопштението, на средбата помеѓу стопанските комори од Северна Македонија и од Србија е констатирано дека има простор за интензивирање на соработката меѓу стопанските комори од двете земји со цел да се придонесе кон остварување на овие цели.

Претходно, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески беше дел од делегацијата која го придружуваше претседателот Пендаровски на средбата со српската премиерка Брнабиќ.

Поврзани вести

Неверојатна заработувачка на Безос: 13,2 милијарди долари за само 15 минути

Никола Поповски

Бошковска Јанковски: Податоците од Регистарот на вистински сопственици ќе отворат нова слика за македонското стопанство

Влатко Зорба

Македонија се враќа на преткризно ниво за две години

Влатко Зорба