СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ММФ одобри итна финансиска помош за 25 земји

Извршниот одбор на ММФ одобри итна финансиска помош за 25 земји-членки од фондовите за контрола и ублажување на катастрофи (Catastrophe Containment and Relief Trust – CCRT).

Директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, изјави дека на земјите ќе им бидат уплатени бесповратни средства за да им помогнат полесно да го сервисираат својот долг кон Фондот во текот на следните шест месеци, првично, да ги насочат своите државни буџети на виталните здравствени и други потреби.

Таа додаде дека CCRT има околу 500 милиони долари ресурси, вклучително и најавена уплата од 185 милиони долари од Велика Британија, 100 милиони долари од Јапонија, како и уплати од Кина, Холандија и други земји, неоткривајќи ги нивните износи. Фондот има за цел расположливиот износ да го зголеми на 1,4 милијарди долари, пренесува Reuters.

Oколу 215 милиони долари ќе бидат потрошени на грантови за првите 25 земји во текот на следните шест месеци, изјави портпаролка на ММФ.

Првите земји кои ќе добијат грантови од CCRT за покривање долгови се Авганистан, Бенин, Буркина Фасо, Централноафриканска Република, Чад, Комори, Демократска Република Конго, Гамбија, Гвинеја, Гвинеја-Бисао, Хаити, Либерија, Мадагаскар, Малави, Мали, Мозамбик , Непал, Нигерија, Руанда, Сао Томе и Принцип, Сиера Леоне, Соломонски Острови, Таџикистан, Того и Јемен, соопшти ММФ.

Поврзани вести

Oштетени штедачи на Еуростандард ќе протестираат

Берта Китинска

И покрај пандемијата: Трамп ги зголемува давачките за увозот од Европа

Stefanija Kuzmanovska

Досегашната помош за угостителите беше доволна, смета Бектеши

Влатко Зорба