СТАНДАРД life
АНАЛИЗИ

Блокадите поради коронавирусот се неопходни, но треба да бидат привремени

КОВИД-19 го соочи светот со најголемиот предизвик од неговото постоење. Сега е неопходно да се управува како со болеста, така и со нејзиното економско влијание. Ова не е лесен компромис. Напротив, ставањето на болеста под контрола е неопходен услов за обновување на економијата. Но, времето е исто така ограничено. Владите треба да го користат она што го имаат разумно и ефикасно, пишува „Фајненшал тајмс“ во својот редакциски коментар.

Економијата е пред пропаст. Минатата недела, заклучно со 3 април, Соединетите држави забележаа рекордни 6,7 милиони барања за бенефиции за невработени. ОЕЦД претпоставува дека секој нареден месец во блокада, ќе го намали растежот оваа година за два процентни поени. Освен ако прекинот на активноста не биде краток, тоа ќе биде најголем економски пад во историјата.

Како последица, сепак, не е дека блокадите треба да се напуштат, туку дека треба да се натераат да профункционираат што е можно побрзо. Дозволувањето да се развие болеста е ризик од колапс на здравствените системи и губење на животи, како при светските војни. Голем дел од водечките економисти се согласуваат дека острото економско намалување е цената што вреди да се плати за контрола на инфекцијата. Во секој случај, економиит автоматски не би биле оживеани доколку блокадите се отстранат. И без нив многу луѓе би се изолирале доброволно.

Со оглед на губењето на животи и секоја друга штета, што може да не чини скапо една неконтролирана пандемија, блокирањето е разумно. Како и да е, строгото ограничување не може да трае долго без неподнослива штета. Ова треба да се ублажи, кога е можно, за да се гарантира дека сите луѓе имаат доволно приходи, а одржливите претпријатија оживуваат. Признавајќи го ова, владите со фискален простор создадоа многу нови програми. Централните банки исто така агресивно интервенираа.

Фокусот на институциите сега треба да биде на потребата за глобален одговор на оваа пандемија. Синџирот е силен колку и неговата најслаба алка.

Од витално значење е властите да постигнат барем четири специфични работи за време на периодот под блокада: нагорната крива на заразени мора да се намали веднаш; Здравствените системи треба да бидат способни да се справат со протокот на пациенти сè додека не бидат откриени лекови или вакцини; мора да се создаде капацитет за тестирање, проследување и карантин со цел да се спречи враќањето на вирусот по завршувањето на блокадите; Мора да се создадат начини за ранливите да бидат безбедни.

Владите треба да се обидат да ги постигнат овие четири основни цели во рок од неколку месеци. Малку е веројатно дека ќе имаат многу повеќе време од тоа пред економската цена и социјалните немири да станат неподносливи, и покрај тоа што колку повеќе дарежлива и ефективна поддршка имаат, толку подолго време ќе имаат. При враќање на работа, владите исто така мора да побараат совет од економски и деловни експерти што прават во однос на здравствените прашања.

Дури и ако владите на земјите со високи приходи го постигнат сето ова, тоа не треба да означува враќање во нормалноста. Тие сепак треба да го контролираат прекуграничното движење на луѓе од земји кои не успеваат да ја контролираат пандемијата. Многу од ранливите жители сè уште треба да останат дома додека не се најде лек или вакцина. Сè уште се потребни многу напори за управување со глобалното ширење на вирусот и да се помогне да се надминат штетите врз најранливите.

Сега доаѓаат решавачките недели. Владите донесоа правилна одлука да ја потиснат својата економија, но тие мора да ги направат жртвите оправдани. Ќе биде агонија за заедницата ако мерките треба да се повторат. Има само краток период во кој треба да се обезбеди сигурна контрола над болеста и така да се рестартира економијата релативно безопасно. Оваа можност не треба да се потроши. Оставете блокадите нека профункционираат. Грешките од последните месеци треба да престанат.

Поврзани вести

Дали туристичката индустрија ја гледа светлината на крајот од тунелот или сепак тоа е воз?

Влатко Зорба

3 држави кои ќе бидат шампиони во економски раст

Влатко Зорба

Зголемувањето на цените на имотите во Европа предизвикува загриженост за одржливоста на пазарот

msp-admin