Стандард
ЕКОНОМИЈА

Само од он-лајн, спортските обложувалници ќе придонесат повеќе од 500 милиони денари во државниот буџет за една година

По шест месеци он-лајн спортско обложување, од денеска играчите повеќе не можат да ја користат оваа услуга. Државата не ја продолжи Уредбата со законска сила која ја донесе на 24 април годинава. АСОМ бара итно имплементирање на Уредбата во Законот за игри на среќа и забавните игри, за што до Владата и Министерството за финансии веќе достави предлог текст.

Според анализата на АСОМ, за половина година во државната каса влегле повеќе од 100 милиони денари само од он-лајн услугата. Сега, велат од АСОМ, се кратат овие средства, а токму во период кога е потребна ревитализација на економијата, погодена од кризата со Ковид.

Дополнително, додаваат дека земајќи во предвид дека играчите веќе почнаа да се префрлуваат он-лајн, придобивките во буџетот на годишно ниво би биле и многу поголеми или според нивните проекции помеѓу 500 и 600 милиони денари.

АСОМ сметаат дека Владата требала да делува проактивно, односно да го озакони решението кое освен што има придобивки за индустријата и за вработените има и силен придонес во државната економија.

Од Асоцијацијата посочуваат дека тие се целосно отворени за соработка со институциите и оставаат простор да се најде решение. Но нагласуваат дека секој ден претставува загуба за индустријата, но и за државата која со прекин на оваа услуга отвора простор играчите да се вратат кон нелегалното обложување на странските сајтови,а парите наместо во државната каса да се одлеваат надвор од земјата.

Поврзани вести

Состанок на гувернерката на НБ со директорот на Одделот за Европа на ММФ

Влатко Зорба

Бесими на Пролетните состаноци со ММФ и Светска банка ќе го презентира Планот за финансирање на забрзан раст

Влатко Зорба

МФ: Прагот за ДДВ обврзник ќе се зголеми од еден милион денари на два милиони денари

Влатко Зорба