СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Едноставна идеја која денес тежи 100 милијарди евра

Во интервју пред неколку години, Ворен Бафет рече дека му е жал што не се сетил на услуга како Airbnb. Имено, неговата пазарна вредност денес е скоро 100 милијарди долари.

Идејата за Airbnb е во основа прилично едноставна. Преку апликација односно услуга се поврзуваат луѓето што нудат сместување, како што се цели куќи и апартмани или простории, со луѓе кои го бараат тоа сместување. Таквата едноставна идеја денес тежи скоро 100 милијарди долари, колку што е пазарната вредност на Airbnb по излегувањето на берза и може да се претпостави дека оваа бројка ќе продолжи да расте.

Понекогаш кога ваквите идеи се реализираат во деловни потфати вредни милијарди долари, си помислуваме како не сме се сетиле на тоа. Ова е токму мислењето на Ворен Бафет, најпознатиот инвеститор во светот и еден од најбогатите луѓе во светот. Тоа го призна во разговор со Fortune пред неколку години, откако се сретна со првиот човек на Airbnb.

Брајан Чески помина едно попладне со Бафет во 2014 година, когo го смета за свој ментор, а разговорот со него му оставил голем впечаток па така, штом пристигнал на аеродромот, напишал извештај од 3.600 зборови, што ги испратил на својот тим. Пофалбите се меѓусебни затоа што Ворен Бафет бил импресиониран од шефот на Airbnb, за кого рече дека бил толку страствен во тоа што го работи, што би ја работел таа работа и да нема заработка од тоа. Уште поголема пофалба за Airbnb е тоа што за време на редовниот годишен собир на инвеститорите во Berkshire, се препорачува инвестирање во Airbnb.

Поврзани вести

Експерт советува која валута не треба да ја купувате

Влатко Зорба

„Скандал Wirecard“: Шефот на германскиот финансиски регулатор е отпуштен

Влатко Зорба

Во Викендот без ДДВ консатирани 15 прекршоци кај трговците во однос на цените

msp-admin