СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Просечната нето плата во октомври била 453 евра, за 8,4 отсто повеќе од истиот месец лани

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2020 година изнесува 27.899 денари и е повисока за 8,4% во однос на истиот месец лани, поточно за 2.173 денари. Дополнително, споредено со месец септември истата е повисока за 1,8%, или за 494 денари, објави денеска Државниот завод за статистика.

Владата на Република Северна Македонија продолжува со заложбите за економска стабилност и во услови на пандемија, со мерки за ублажување на ефектите од пандемијата и планирања за економски раст на среден и долг рок. Целта е креирање на предвидлив деловен амбиент, стабилен раст, достоинствени плати, нови работни места и намалување на невработеноста.

Во консултација со сите релевантни чинители во општеството, синдикати, комори, организации на работодавачи, креираме амбиент за раст на просечната и на минимална плата во следните четири години. Владата е посветена на реализација на стапките на економски раст од 4-5% и покачување на платите за 20% до 30% односно до 34 илјади денари во следните четири години со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата.

Согласно Државниот завод за статистика, зголемувањето на просечната нето плата, се должи, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите здравствената и социјалната заштита, потоа уметност, забава и рекреација и преработувачка индустрија.

Согласно податоците на ДЗС, просечната бруто-плата, е за 9% повисока од октомври минатата година, а за 2% повисока од септември годинава. Просечната бруто плата изнесува 40.344 денари.

Поврзани вести

Голдман Сакс: Голем пад на цената на нафтата од 70 на 20 долари

Координативно тело: Во тужбата против Стопанска Банка поднесена од 430 акционери се бара надомест на штета за неисплатена дивиденда

Влатко Зорба

Граѓаните скенирале 67.272.456 фискални сметки, ќе им се вратат околу 382 милиони денари

Влатко Зорба