СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Лозарите за предадено грозје во „Повардарие“ и „Стефани“ ќе добијат пари по Нова година

Шестотини земјоделски семејства од Тиквешкиот регион, кои го имаат предадено грозјето во винариите Повардарие и Стефани ќе ги добијат своите пари.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски денеска при посетата на Карбинци изјави дека пред два дена пратениците ги изгласале измените, по што сега се чека одлуката да се објави во Службен весник. Станува збор за исплата на околу 250.000 евра до лозарите во Тиквешкиот регион.

– Врз основа на измената ние треба да изготвиме програма, потоа и да се изготви уредбата врз основа на која ќе може да се почне со исплатата на овие 600 земјоделски семејства, односно лозари, вели Димковски.

Тој смета дека исплатата на овие средства ќе се случи по Нова година. Министерот Димковски денеска во Kарбинци се сретна и со земјоделците од Таринци, кои неколку пати протестираа и бараат огласот за давање под закуп на 48 хектари да не се додели само на едно лице. Туку ова земјиште да биде поделено по три хектари, со цел и тие како индивидуални земјоделци да конкурираат.

– Сакам да видам детално и со тоа ако имаме можности ќе им излеземе во пресрет. Знам дека реакцијата на земјоделците е за некаде над 40 хектари, што се расфрлани, што не е и една целина и е ставено во последниот инвестициски оглас, кој има последен ден на пријавување на 10 декември. Така да верувам дека по овој состанок, со враќањето во министерството ќе направиме еден состанок на раководителите на сектори и ќе излеземе со конкретн предлог, рече Димковски.

Министерот забележа дека доколку постои техничка можност ќе го стопираат отворениот оглас за закуп на ова земјиште во атарот на Општина Карбинци.

Поврзани вести

Трамп: Во пресрет на изборите, американската економија ќе покаже невиден раст

Stefanija Kuzmanovska

Заев: Ги решивме најголемите прашања, се тоа беше заради економијата

msp-admin

Занаетчиите бараат да продолжи поддршката од државата за исплата на минималната плата