СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бислимоски: Буџетот на РКЕ да се намали за 8%, непредвидените расходи се анулирани во целост

Бараме да ни се намали буџетот за осум проценти. Непредвидените расходи се анулирани во целост, од планираното до реализираното за 2020-та, а за 2021-ва се скратени 50 отсто. Набавката на мебел е намалена за 40 проценти, ќе се купи само тоа што е потребно и што било планирано уште во 2004 – 2005 година, рече денеска претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски пред собраниската Комисија за економски прашања, образложувајќи го Предлогот, намалување има за секоја ставка од трите главни категории на трошоци, освен во некои поткатегории каде трошоците се зголемени, а тоа единствено се однесува само на активностите поврзани со заштитата на вработените.

Тој потсети дека РКЕ излезе на слободниот енергетски пазар и дека вкупните трошоци за набавка на електрична енергија се намалија во однос на 2021-ва, а има и пониски цени во споредба со регулираниот пазар.

Поврзани вести

Зошто е потребно да се рециклира пластиката?

Влатко Зорба

Усвоена Програмата за промоција на обновливите извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата за 2021 година

Влатко Зорба

Франција подготвува стимул од 100 милијарди евра за економијата

Stefanija Kuzmanovska