СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Протекоа податоци на 1,2 милијарди Интернет корисници

Личните податоци на 1,2 милијарда корисници на Интернет се нашле незаштитени на еден сервер до кој можел да пристапи било кој со доволно точна веб адреса.

Како што пишува американскиот стручен магазин „Вајерд“, станува збор за незаштитена база на податоци за која не се знае како е креирана, но е јасно дека податоците ги добивала од повеќе извори.

Неа ја сочинувале податоците на 1,2 милијарда корисници на онлајн сервиси, како социјалните мрежи, а главно се состоела од имиња, имејл адреси и броеви на телефони. Среќа во несреќа е што во базата на податоци немало лозинки, нити податоци за кредитни картички, пренесе порталот Кликс.ба.

Незаштитената база на податоци била откриена во октомври 2019 година, а во неа податоците се „тешки“ околу четири терабајти и вклучуваат информации собирани од профилите на Фејсбук, Твитер и Линдкин.

На серверот биле пронајднеи четири милијарди профили и 650 милиони единствени имејл адреси што можеле да се поврзат со 1,2 милијарда вистински лица.

Магазинот наведува дека серверот веќе не е онлајн и до податоците веќе не може да се пристапи, а случајот бил пријавен во американското Федерално истражно биро (ФБИ).

Поврзани вести

Viber има нова опција која ви овозможува сами да креирате GIF

msp-admin

Како ќе изгледа новиот дизајн на Facebook? (ФОТО)

msp-admin

Следниот Lenovo Legion пристигнува на пролет

Влатко Зорба