СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Најбрзиот компјутер на светот има процесор со 18 GB со сопствена SRAM меморија и 400.000 јадра

Celebras Systems е името на компанијата што предизвика голем интерес во технолошката индустрија со премиерата на импресивниот Celebras Wafer Scale Engine (WSE). Всушност, тој е првиот процесор во светот кој има повеќе од 1 трилион транзистори. За време на настанот SuperComputing 2019, бевме сведоци на премиерата на СS-1, кој е најбрзиот компјутер во светот што користи вештачка интелигенција. Импресивната машина е опремена со повеќе од 400.000 јадра, што е за 78 пати повеќе од најмоќниот графички процесор.

Високите перформанси се исто така загарантирани со 3.000 пати повеќе компјутерска меморија и 33.000 повеќе „бандвит“ брзина. Податоците откриваат дека CS-1 е висок 26 инчи и може да заземе третина од стандардниот слот на центри за податоци. Благодарение на 400.000 јадра, можно е да се извршат 1,2 терабајти пресметки во секунда. Другите придобивки на CS-1 се неговата потрошувачка на енергија, што е за 10 пати помала од алтернативните решенија, додека димензиите се десет пати помали, објави TechSpot.

Во моментов, работи само еден CS-1 компјутер, кој се наоѓа во Argonne National Laboratory. Цената на производството ќе биде во редот на „неколку милиони долари“. Сепак, суперкомпјутерот не е дизајниран за дневна употреба, туку за сложени научни експерименти за кои се потребни милијарди пресметки во секунда. Дополнителен софтвер се грижи за оптимизирање на перформансите на 400.000 јадра, како и на 18GB SRAM меморија која ги придружува, при обработка на софистицираните алгоритми со вештачки интелект.

Поврзани вести

Xiaomi Mi 10 Pro забележа рекорден резултат на бенчмарк-тестовите на AnTuTu

msp-admin

Виртуелни дијаманти – чинат колку и реалните

Влатко Зорба

Google планира построга заштита од следење во Android

Влатко Зорба