Apple најверојатно ќе ја промени стратегијата за своите паметни телефони во 2021 година. Ова го сугерира анализата на „Ј.П. Морган“, а според компанијата ќе има две премиери на производи годишно, што ќе помогне да биде пофлексибилна во одонос на конкуренцијата со другите производители.
Информациите се засноваат на извори од ланецот на снабдување на компанијата од Купертино. Според нив, два модели на iPhone ќе бидат промовирани во првата половина на 2021 година и уште два ќе се појават во втората половина.
Аналитичарите исто така ги споделуваат своите очекувања за следната година, што во голема мерка се совпаѓа со досегашните достапни информации. Тие велат дека Apple ќе претстави четири нови модели во септември, промена од претходните години во кои беа објавувани три уреди. Се очекува нов, подостапен модел да се појави напролет, кој ќе личи на iPhone 8, најверојатно iPhone SE 2.
Според „Ј.П. Морган“ сите уреди во серијата iPhone 12 кои ќе бидат лансирани наесен ќе имаат подобрени OLED екрани и поддршка за 5G мрежи. Во однос на големината, аналитичарите очекуваат еден модел со 5,4-инчен екран, два со 6,1-инчен екран и еден со 6,7-инчен екран. Два од нив (6,1-инчен и 6,7-инчен) ќе работат со фреквенции на mmWave и ќе имаат тројна главна камера со 3D ToF сензор.
Другите дијагонални уреди со 6,1 и 5,4 инчи ќе работат на фреквенции под 6 GHz 5G и ќе имаат двојна камера без 3D сензор. „Ј.П. Морган“, исто така, забележува дека преместувањето кон 5G и поголем избор на големина на екранот ќе натера повеќе корисници да ги заменат своите стари уреди.