Ние покажавме како треба вистински парите да се насочат кон земјоделците, во оној момент кога им се најпотребни. Тоа е она што заедно го започнавме со Љупчо Николовски, тогашен министер за земјоделство а денеска генерален секретар на СДСМ, тоа го продолжуваме и денеска, рече Никола Бабовски, од Демократскиот сојуз на власите и директор на т.н. платежна агенција на граѓанската трибина На прав пат во Битола.
-Од прв ден, неселективно, од прв ден, во точен ден, парите навреме да стигаат кај земјоделците кога им се најпотребни. Тоа не било никогаш така како што е сега. 340 милиони евра се вложени во нашето земјоделство од оваа наша Влада. Бенефитот од тоа гледаме сите ние, затоа сме успешни, рече Бабовски.
Тој зборуваше и за новите мерки за поддршка на руралниот развој, жените земјоделки и младите.
-Во овој момент оди нова програма, прилагодена на потребите на земјоделците, ги поттикнуваме жените со нова програма и доделуваме 3 илјади евра. Кај младите исто така одиме со нова помош од 20 илјади евра за секој млад земјоделец. За општините обезбедивме нови 38 милиони евра за проектите за рурален развој. Денеска Македонија е вистинско градилиште, се реализираат преку 200 проекти за рамномерен рурален развој, рече Бабовски.
Бабовски посочи на опструкциите на ВМРО-ДПМНЕ за клучните закони за земјоделците.
Велеа нема шанси зелена нафта, законот ВМРО-ДПМНЕ го кочеше а нивниот претседател не сакаше да потпише. Ама успеавме. Се можело, само треба да се распределат кај граѓаните, додаде Бабовски во неговото обраќање пред битолчани на граѓанската трибина во Битола.