СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Виз Ер“ сака забрана на бизнис класата за кратки летови

Нискотарифниот превозник „Виз Ер“ ги повикува авиокомпаниите да престанат да исполнуваат летови со празни места во бизнис класа, за летови до 5 часа. Бизнис класата треба да биде забранета за сите кратки летови, инсистира компанијата.

Патничките седишта од оваа класа придонесуваат двојно повеќе јаглеродни стапки во однос на оние за патниците од економска класа и одговорност е на индустријата, што продолжува да го следи овој неефикасен и архаичен модел. Промената е силно потребна, велат од „Виз Ер“.

Ерата на старомодните патувања завршува и истото важи и за бизнис класата. Авиокомпаниите да се ангажираат со целосна забрана на летови сопразни места во бизнис класата за кратки летови до 5 часа, нуди „Виз Ер“.

Компанијата тврди дека во моментот работи со најниска емисија на СО2 по патник кај сите конкуренти, што е еднакво на 56,8 g / патник / км до октомври 2019 година. Ултра-евтиниот деловен модел се потпира на висок коефициент на товар (планиран е 95% за првата половина на 2020 година) и полно распределување на местата за седење, за да се обезбеди одржлив лет и најниската можна емисија на CO2 по патник.

„Индустријата како целина треба да биде поодлучна во своите активности и да забрани бизнис класа на кратки летови. Во исто време, ги повикуваме сите патници да направат добро информиран избор при резервација на летот. Доаѓа крај на ерата на старомодно патување и истото важи и за деловната класа“, рече Џозеф Варади, извршен директор на „Виз Ер“.

Поврзани вести

Шефовите на Facebook, Google, Apple и Аmazon ги отфрлија обвинувањата за монопол на дигиталниот пазар

msp-admin

Трамп: Нема да го продолжам рокот за продажба на ТикТок

msp-admin

Најбогатите Американци под Бајден го зголемија своето богатство за 195 милијарди долари