СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Веќе можеме да додаваме коментари кон фотографиите во Google Photos

Google Photos е одличен начин да зачувате неограничен број на фотографии и секогаш да имате пристап до нив без разлика каде се наоѓате. Компанијата постојано тестира нови функции и сега е подготвена со новото ажурирање на мобилната апликација. Најинтересно подобрување е опцијата за додавање директни пораки на фотографиите во Google Photos. Идејата е корисниците да создадат чат прозорци со луѓе на кои им испраќаат видеа и фотографии.

Предвидена е можност да „лајкнете“ и да коментирате, како и да додавате датотеки во колекцијата Google Photos. Новата функција не е дизајнирана да ги замени популарните апликации за мобилна комуникација. Наместо тоа, компанијата се обидува да го направи целиот процес на споделување на слики и видеа позабавен и попријатен. На пример, да се потсетите со пријателите за интересни и забавни настани додека разговарате за спомените на фотографиите.

За да ја искористите функцијата, треба да изберете фотографија и опција за споделување, објави Engadget. Следно, ќе ја видите дополнителната опција во менито Send In Google Photos. Така, можете да изберете име на лицето за споделување на датотеката и да започнете да коментирате. Избирањето на копчето „New Group“ создава групен разговор, во кој може да поканите повеќе корисници. Новата верзија на апликацијата е веќе достапна на уредите со Android и iOS.

Поврзани вести

Рендери покажуваат како може да изгледа Apple iPhone SE 3

Влатко Зорба

Huawei го претстави P Smart Pro со тројна AI камера од 48 MP

msp-admin

„Епл“ плати казна од 25 милиони евра поради софтверот што го забавува „ајФон“

msp-admin