СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Лукаревска: Започнати се контроли кај работодавачите кои ја злоупотребиле финансиската помош

Директорката на управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска на прес конференција изјави дека работодавачите и физичките лица кои вршат самостојна дејност, кои го искористија правото на финансиска поддршка за исплатаа на плати за месеците април, мај, јуни 2020 година, односно за месеците октомври, ноември и декември 2020 година и правото на субвенциопнирањее на придонеси од задолжително социјално осигурување за април, мај, јуни 2020 имаат обврска да ги вратат примените финансиски средства во Буџетот на РСМ во највисок износ до 50% од остварениот финансиски резултат пред оданочување на 2020.

За обврзниците на годишниот данок на вкупен приход, највисок износ на враќање е до износот од 50% од финансиски резултат пред оданочување искажан во Билансот на успех за 2020, а самовработените лица враќањето е најмногу до износот од 50% од износот на искажаниот финансиски резултат.

Таа истакна дека за месеците април, мај и јуни минатата година вкупно 22.195 компании го искористиле правото на финансиска поддршка за исплата на плати, а со тоа биле опфатени 143.646 вработени во компании. За месеците октомври, ноември и декември од минатата година, финансиската поддршка ја искористиле 14.646 компании, а со тоа биле опфатени 75.790 вработени.

На прашање на новинарите дали УЈП веднаш ќе постапува кон фирмите кои ја злоупотребија финансиската помош и што е со петтиот пакет мерки кој е се уште заглавен во собранието Лукаревска вели дека УЈП е подготвена за петтиот сет мерки, а 10,7% од работодавачите немаат исплатено плати и сите мерки кои ги има УЈП согласно законот ќе бидат превземени.

Поврзани вести

Авиокомпаниите предупредуваат: 25 милиони работни места низ целиот свет може да бидат загрозени

Владата даде согласност „Пошта“ може да почне преговори со банките

Берта Китинска

Угостителите ги зголемија цените на услугите

Берта Китинска