СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

ТВИТЕР КАЗНET ОД РУСКИ СУД: 35.000 евра затоа што не избришале содржина

Руски суд денеска го казни Твитер со 3,2 милиони рубљи (околу 35 000 евра) за небришењето на содржина.

Москва минатиот месец објави дека ја забавува брзината на американската социјална мрежа во Русија и на 16 март се закани дека ќе ги забрани целосно услугите на социјалните медиуми за еден месец поради содржина, која се движи од детска порнографија до злоупотреба на дрога, пренесе Ројтерс.

Твитер не ја коментираше пресудата.

Претходно, сепак, беше објавено дека компанијата е загрижена за влијанието на руската кампања против слободата на говорот и негираше дека дозволила нејзината платформа да се користи за промовирање на незаконско однесување, како што наведуваат руските власти.

Поврзани вести

Дојче Банк вмешана во корупциски скандал во Кина

msp-admin

Пивара Скопје доби нова А-интегрирана еколошка дозвола

msp-admin

Netflix ја тестира опцијата „Shuffle Play“

msp-admin