СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бектеши: До петок исплата на средствата за вградени плински уреди во возилата

На над 750 граѓани до петок на сметките ќе им легнат парите за вградени плински уреди во возилата, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

– Рокот за јавниот повик е веќе завршен, а до крајот на неделава, односно до петок на сите што аплицирале и ги исполниле условите ќе им бидат исплатени парите од субвенциите, рече Бектеши во одговор на прашање пред почетокот на панел дебатата „Парафискалните давачки – Колкав товар претставуваат за компаниите“.

Тој посочи дека според податоците што му се доставени од Секторот, субвенции ќе се доделат на над 750 граѓани.

Како што истакна Бектеши, веќе е при крај новиот модел за субвенционирана набавка на возило со ЕУРО 5 или повисок еколошки стандард.

– Ќе одиме со уредба во која најглавно е што ќе го имаме предвид еколошкиот аспект, прецизира Бектеши.

За субвенционирање на вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата се субвенционира 50 отсто од цената на трошоците за набавка и вградување на уредот, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност

Поврзани вести

За шест месеци на стопанството му се вратени 206 милиони евра ДДВ

Мартенс: Слободните економски зони во С.Македонија интересна можност за германските компании

Берта Китинска

Еуроникел Индустри за Општата болница во Кавадарци донираше пет медицински апарати

Берта Китинска