СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Кун Давидс: „Во Северна Македонија е потребна обука за поголема продуктивност“

Инвестирање во растежот, поголема слобода на приватниот сектор и инвестирање во луѓето и во одржливоста, а во исто време и продолжување на реформите, зашто Северна Македонија и натаму добро котира на листата на земји на Дуинг бизнис, вели Кун Давидс, извршен директор на Холандската конституенца на Светската банка, во која припаѓа и нашата земја, во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик, запрашан за ретроспектива на 2019. за македонската економија.

Давидс наведува дека Бордот на Светска банка го одобрил проектот за локални патишта во држвава, во вредност од 70 милиони евра.

Според Давидс, државава мора да инвестира во човечки капитал, во подобрување на продуктивноста и постојано да работи на реформи за унапредување на бизнис околината.

– Едно е јасно, во Северна Македонија е потребна обука за поголема продуктивност. На пример, жените треба да се поттикнат да имаат поголема улога на пазарот на трудот, вели Давидс

Поврзани вести

ССМ и КСС: Исклучително важен е заедничкиот настап при подготовка на новиот Закон за работни односи

Влатко Зорба

ИЛИНДЕН АД Струга доби 625,730 евра за санација на свлечиште на делницата Лабуништа – Јабланица

Влатко Зорба

Бектеши: Поддршка од 52 милиони денари за домаќинствата за субвенции за печки на пелети, ПВЦ прозорци и инсталирање на сончеви колектори и фотонапонски панели

Влатко Зорба