СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Пине Чезура: Дрисла не го загадува воздухот со комунален отпад

Пине Чезура, генерален менаџер на „П&П Индустри“, кој беше консултант на компанијата ЕКОТЕК која во 2010 година победи на тендерот за изградба на инсенератор за медицински отпад во Дрисла, проект кој досега не е реализиран, посочува дека Дрисла не го загадува воздухот со комунален отпад.

– Тековното загадување на воздухот во скопскиот воздух доаѓа од куќите и малите субјекти кои користат грејни печки во дрво и други материјали. Не верувам дека комуналниот отпад од Дрисла го создава овој лош квалитет на воздухот. Ако комуналниот отпад го загадуваше воздухот, тоа би требало да се случува и летно време. Напротив, загадувањето се зголемува со зимската сезона и почетокот на сезоната на греење, вели тој во разговор за Фактор.

Од друга страна, продолжува тој, повеќе сум загрижен од инсенераторот за медицински отпад.

– Лично, се плашам да одам близу до Дрисла кога се гори медицински отпад. Процесот на управување со медицинскиот отпад е буквално како „пицерија“. Исто така, оџакот е многу низок и она што излегува од оџакот веднаш се спушта на околината. Ништо слично на мојот проект за инсенератор на медицински отпад со современ систем на заштита на работниците и воздухот. Ако ме прашате што мислам за ризикот од Дрисла, првиот ризик е апсолутно медицинскиот отпад и загадувањето на водата, вели тој.

Според него, во проектот на Дрисла инвестициите, според тендерот биле 73 милиони евра за 35 години, а требало да опфати третман на водата, третман на исцедок, изградба на плоча за селекција и рециклирање на отпад, производство на RDF (гориво од отпад), постројка за градежен и уништувачки отпад, фабрика за компостирање на зелен отпад, како што се бара од ЕУ.

– Ништо, навистина ништо од ова не е изградено до денес. Прашањето е тоа дека Дрисла произведува околу 600 000 тони комунален отпад годишно, а тарифата е 12 евра по тон, тоа значи дека само од комунален отпад што се носи со камиони во депонијата, што доаѓа од граѓаните, Дрисла има промет од 7,2 милиони евра и профитот би можел да биде повеќе од 1,5 милиони евра на годишно ниво, што е доволно пари за реализација на проектот, вели тој.

Поврзани вести

Porsche инвестира уште 70 милиони евра во Rimac Automobile и го зголеми уделот на 24%

Влатко Зорба

СЕ ПОЧЕСТО МЕНУВАМЕ МЕБЕЛ: Оваа индустрија во Европа генерира 96 милијарди евра годишно

Влатко Зорба

Дигитален долар: Дали Америка ќе добие нова валута?

Влатко Зорба