СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Фондот, кој заработи 1,5 милијарди долари за 2 месеци од Tesla

Кога станува збор за акциите на пионерот на пазарот на електрични автомобили Tesla, вистинскиот момент за влез или излез е клучен. Саудиската влада неодамна објави вести: ги продаде скоро сите свои акции на Tesla пред нејзините акции да поскапат во јануари за 100 отсто. Американскиот хеџ фонд Renaissance Technologies сега известува за посреќна временска рамка: ги проширил своите позиции во вистинско време.

Renaissance Technologies купи 3,3 милиони акции од производителот на електрични автомобили во декември – пред брзото покачување на цената на акциите на Tesla на берзата, според поднесените од SEC документи. Фондот го прошири својот удел во Tesla на 3,9 милиони акции, според „Фајненшал тајмс“. Фондот, основан од познатиот менаџер Џим Симонс, сега поседува 2,1 процент од производителот на електрични автомобили.

Според моменталната состојба на пазарот, инвестицијата се исплати: Со своите акции, фондот оствари добивка од 1,5 милијарди американски долари во рок од два месеци, проценува „Блумберг“. Додека нејзините акции беа во вредност од 1,6 милијарди долари во декември, тие сега вредат околу 3,2 милијарди долари.

Акциите на Tesla се зголемија за повеќе од 200 проценти минатиот октомври, откако производителот на автомобили изненаден со своите квартални резултати, ја отвори својата фабрика во Шангај во рекордно време и најави производна цел на 500.000 возила оваа година. За време на „релито“, пазарната капитализација се искачи на над 140 милијарди американски долари, со што Tesla е втор по големина производител на автомобили во светот, оставајќи ја само Toyota зад себе.

Ако продолжи сегашниот тренд на акциите на Tesla, профитот за Renesance Technologies би можел да се зголеми. Адам Џонас, аналитичар од „Морган Стенли“, кој досега бил критичен кон Tesla, скоро двојно ја зголеми својата прогноза – за таканареченото „биково“ сценарио – во врска со цената на акциите на Tesla.

Џонас сега очекува цената на акциите да достигне 1.200 американски долари по акција, наместо претходните 650 американски долари – скоро 40 проценти повеќе од цената, при затворањето на берзата во вторникот – 858,40 долари. Ваквата цена ќе и даде на компанијата максимална пазарна вредност од 220 милијарди долари. Во ова сценарио, профитот за Renaissance Technologies би изнесувал повеќе од 2,2 милијарди американски долари.

Во својот извештај, аналитичарот го оправда оптимистичкиот изглед со „агресивниот предлог“ дека Tesla може да достигне 30 проценти од глобалниот пазар на електрични возила. Во бројki, оваа претпоставка значи дека Tesla ќе испорача четири милиони од своите електрични возила до 2030 година. Во 2019 година, компанијата испорача само 376.500 возила на своите клиенти.

Xонас, исто така, гледа дополнителен потенцијал за Tesla. Прифаќа дека производителот на електрични автомобили ќе доставува мотори – вклучително и батерии и електрични мотори – на други производители на автомобили во иднина.

Во исто време, аналитичарот на „Морган Стенли“ нуди и „мечешко“ сценарио, односно прогноза за негативен развој. Тука аналитичарот ја прилагоди својата ценовна цел за 91 процент на 220 американски долари. Џонас, исто така, ја зголемува својата основна целна цена од 360 до 500 долари по акција.

Просечната целна цена на акциите на Tesla меѓу аналитичарите, испрашани од „Блумберг“, е 489,47 $, што е повеќе од 40 проценти под сегашното ниво.

Поврзани вести

Кои компании се „најзаразени“ од Ковид-19?

msp-admin

„Форбс“: Наследникот на „ДМ“ е најмладиот милијардер во светот

Влатко Зорба

Тојота Јарис е Европски автомобил за 2021 година

Влатко Зорба