СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

ГТЦ со загуба од скоро 35 милиони денари

Градски трговски центар, од први јануари до 31-ви декември лани, прикажа загуба од 34.349.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза, цитиран од Бизнис Инфо.

Една година претходно, загубата на компанијата изнесуваше 25.893.000 денари.

“Во 12-месечното работење во 2019 година, компанијата оствари вкупни приходи од 224.104.000 денари, коишто се поголеми за 7%, во однос на претходната 2018 година, а вкупните трошоци изнесуваат 258.453.000 денари, коишто се за 9% поголеми во однос на претходната 2018 година“, стои во Образложението кон финансискиот резултат.

Поврзани вести

Акциите на Tesla нагло ќе паднат, вели познат инвеститор

Влатко Зорба

Листата на на „Форбс“ најбогати Руси има нов лидер

msp-admin

IDC: Побарувачката за користени смартфони ќе расте

Влатко Зорба