СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Во светот има повеќе ултра богаташи, отколку жители на некои земји

Минатата година повеќе од 31.000 луѓе се приклучија во редовите на ултра богатите благодарение на растот на глобалниот пазар на акцизи и на брзиот пораст на цените на недвижностите. Бројот на богаташи што заработуваат повеќе од 30 милиони годишно се зголеми за 6% во 2019 година, а денес имаме 513.244 такви луѓе ширум светот, се вели во извештајот на агенцијата Knight Frank, цитиран од Бизнис Инфо.

„Ова значи дека има повеќе ултра богати луѓе ширум светот отколку жители на Исланд, Малта или Белизе.

Се очекува бројот на ултра богати луѓе до 2024 година да порасне за дополнителни 27% на 650.000 бидејќи огромно богатство се стекнува во Индија, Египет, Виетнам, Кина и Индонезија.

Минатата година се зголеми бројот и на “скромните“ богаташи. Сега има 50 милиони луѓе што годишно заработуваат повеќе од еден милион долари годишно, во споредба со 46,9 милиони една година порано.

Knight Frank во својот годишен извештај за богатството наведува дека 2019 година била бурна година за многу инвеститори и пензиски фондови, но повеќето ултра богати ги „набилдале“ своите сметки“.

Поврзани вести

Србија ќе увезува работници од Индија, Пакистан и Турција?

msp-admin

Драстично намалување на платите во Мерцедес

msp-admin

Откажано годинешното издание на мобилниот Конгрес во Барселона

msp-admin