„Фајзер“ и партнерската компанија „Бајонтек“ изјавија дека нивната вакцина е близу до производство.
Се проценува дека тие две фармацевтски компании би можеле да заработат скоро 14 милијарди долари од продажбата на вакцината во 2021 година.
Дамиен Коновер, директор за здравствено истражување и стратегии за капитал во „Морнингстар“, рече дека пресметката на неговата компанија е направена според буџетот дека „Фајзер“ ќе направи милијарда дози од вакцината и дека ќе биде одобрена ширум светот во првиот квартал на 2021 година
Според веб-страницата „Маркетплејс“, тој додаде дека се чини дека фармацевтскиот гигант ќе и наплати на американската влада околу 39 долари за две дози вакцина, врз основа на договорот што „Фајзер“ го има со американската влада, додека правењето на вакцината ќе чини околу 15 американски долари.
Вакцината на „Фајзер“ ќе мора да се чува на температура од минус 70 степени, а многу болници немаат фрижидери што ја намалуваат температурата толку ниско.
„Значи, ќе има профит и за тоа, но мора да ги вклучите трошоците за дистрибуција и некои други ставки“, рече Коновер.
Владата на САД има договор со „Фајзер“ да плати 1,95 милијарди долари за првиот круг на вакцината во 100 милиони дози, за граѓаните кои ќе ја примаат вакцината бесплатно.
Коновер заклучи дека вакцините, генерално, „чинат помалку од брендираните лекови“, а „Њујорк Тајмс“ напиша дека вакцините се релативно ефтини, со оглед на нивната вредност и чинат околу 50 долари во просек.