СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Колку луѓе ќе банкротираат од пандемијата на корона вирусот?

Еден трилион долари е загубата што ја пребројуваат финансиските пазари оваа недела, а ова е само почеток, пишува Independent, цитиран од Бизнис Инфо

Економските последици од овој вирус се огромни, милиони луѓе дневно губат големи суми. Тоа е така поради падовите на берзите, нафтената војна меѓу Русија и Саудиска Арабија и новата мигрантска криза.

Паралелно треба да се движи борбата против корона вирусот и економските последици што ги остава. На удар се и малите компании бидејќи остануваат без важни суровни. Кина е најголем светски извозник и одговорна за една третина од светското производство, тоа значи дека тоа што се случува во оваа земја го засега целиот свет.

САД, Велика Британија и другите земји ќе мора да ја заштитат иднината на своите големи и мали компании и да бараат нови можности.

Поврзани вести

Што сè поскапе во ноември?

msp-admin

„Twitter“ суспендираше 70.000 кориснички сметки поврзани со движењето „QAnon“

Влатко Зорба

Кина ги бојкотира H&M и Nike поради со скандалот со производство на памук

Влатко Зорба