СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Орка Холдинг и Аџибадем Систина издвоија 325.000 евра за справување со коронавирусот

Орка Холдинг и приватната болница „Аџибадем Систина“ денеска соопштија дека за целокупната помош која ја понудија на граѓаните и на Кризниот штаб на Владата за справување со корона вирусот ќе бидат одвоени 325.000 евра.

Како што се наведува во нивното соопштение, компанијата „Орка Холдинг“ и Клиничката Болница „Аџибадем Систина“ со низа превземени активности, ставија на располагање бројни медицински и сместувачки капацитети, кадар и медицинска опрема. Оваа помош и поддршка е ставена на располагање на граѓаните и на Кризниот штаб на Владата со цел справување со состојбата предизвикана од глобалната пандемија на вирусот Ковид -19.

-Отсутни од работа се многу наши вработени бидејќи се наоѓаат во групите на граѓани кои согласно препораките на институциите треба да останат дома. Само во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ отсутни се 400 вработени, и како и многу други компании во оваа ситуација, се наоѓаме во рестриктивни услови. Во услови кога се прави реорганизација на работењето со цел да се задржи квалитетот и ефикасноста на истото, ние ја нудиме целата наша помош и поддршка бидејќи постои момент во кој сите знаеме дека нема простор за компромис, се наведува во соопштението од Орка холдинг групацијата.

Како дел од понудената помош Клиничката Болница „Аџибадем Систина“ и „Орка Холдинг“ целосно ги отстапија капацитетите на хотелите Ibis Skopje City Center и Ibis Styles за лица кои треба да поминат 14 дена во изолација. Капацитетите на Ibis Styles се веќе целосно исполнети, а првата група на лица е веќе пристигната и во хотелот Ibis Skopje City Center.

-Иницијално се очекува до 31.05.2020 да има пет ротации на лица кои ќе биде потребно да поминат 14 дена во изолација, со што вкупниот број би достигнал 1030 лица, односно бројот на поминати ноќи во овие објекти ќе биде 14.430, наведуваат од компаниите.

„Орка Холдинг“ и „Аџибадем Систина“, одвоија фонд од 20 милиони денари или 325.000 евра од кои 315.000 евра за подмирување на трошоците за престој на овие лица, како и за заштитни средства, дезинфекција, заштитна опрема, фиксни трошоци, медицинска поддршка од КБ „Аџибадем Систина“ и плати на ангажираните лица кои целиот период ќе работат во карантинските центри,70 дена. Договорот е склучен помеѓу Владата на РСМ и фирмите „ОК Хотел“ и „Орка Хотел“.

Од овие средства, 10.000 евра беа издвоени за заштитна опрема, односно, заштитни маски, одела и ракавици за СВР Скопје и Здравствените установи во Дебар.

Компаниите „Жито Полог“ и „Здравје Радово“, кои се дел од групацијата, и произведуваат основни прехранбени производи нема да ги зголемат цените на своите производи во однос на 1.1.2020 година.

-Истовремено, потврдуваме дека двете компании работат со непречено производство и со полн капацитет. „Жито Полог“ месечно работи со полн капацитет и произведува 1.500 тони брашно Тип400 и Тип500, како и 600 тони сточно брашно и во моментот има залиха на пченица сосема доволна за следните четири месеци, се наведува во соопштението.

Млекарата „Здравје Радово“ која произведува 150 тони месечно кашкавал и сирење исто така работи во полн капацитет, и има залихи доволни за шест месеци, се посочува во соопштението од Орка Холдинг групацијата.

Холдингот се заблагодарува до сите свои вработени вклучувајќи ги и здравствените работници кои, како што се наведува, целосно ја разбираат нужноста на ситуацијата и безусловно ги прифаќаат сите нови задачи и активности. Орка холдинг групацијата вработува повеќе од 2.500 лица.

Поврзани вести

За Мелинда 73 милијарди долари? Според законот на државата Вашингтон, Гејтс го делат имотот на половина

MaskMachine: Со пластично шише до заштитна маска

msp-admin

Имавте ли оваа година доход од закуп или капитална добивка?

msp-admin