СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Волстрит брише 3 кинески компании, Пекинг се заканува со одмазда

Кина остро ја критикуваше американската влада за политизирање на трговските прашања откако њујоршката берза започна процес на бришење на три кинески телеком компании за кои Вашингтон тврди дека се поврзани со воената индустрија на земјата.

Пекинг ќе ги преземе неопходните мерки за заштита на законските права на кинеските компании, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Хуа Чунинг на редовниот брифинг со новинарите, пренесува Ројтерс.

Њујоршката берза кон крајот на минатата недела објави дека ќе започне процес на бришење на компаниите „China Mobile Ltd.“, „China Telecom Corp.“ и „China Unicom Hong Kong Ltd.“ во согласност со одлуката на претседателот Доналд Трамп во ноември 2020 година за забрана на американски инвестиции во компании во сопственост или под контрола на кинеската војска.

Забраната за инвестиции треба да стапи на сила на 11 јануари.

Според изјавата на Волстрит, тргувањето со акциите на овие компании ќе биде прекинато најрано на 7 јануари, а најдоцна на 11 јануари.

Поврзани вести

Трговскиот дефицит во САД порасна на 64,2 милијарди долари

msp-admin

Кина извезла околу 220 милијарди хируршки маски во 2020 година

Влатко Зорба

Pfizer на богатите земји им продаде дури 82% од вакцините

msp-admin