СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

PayPal најверојатно нема да инвестира во биткоини

PayPal Holdings Inc најверојатно нема да купи криптовалути како што е биткоин, изјави во четвртокот главниот финансиски директор за плаќањa на компанијата, Џон Рејни, за CNBC.

„Веројатно нема да инвестираме корпоративни пари во такви финансиски средства, но сакаме да ја искористиме оваа можност за раст, што претстои“, рече Рејни во интервју за CNBC.

PayPal во октомври рече дека ќе им овозможи на своите клиенти во САД да чуваат биткоин и други виртуелни монети во нивниот интернет паричник и да купуваат со криптовалути од трговците на нејзината мрежа.

Претходно оваа недела, Mastercard соопшти дека планира да понуди поддршка за некои криптовалути на својата мрежа оваа година. Менаџерот на средства BlackRock Inc и компанијата за плаќање Square Inc исто така неодамна ги поддржаа криптовалутите.

Рејни рече дека PayPal сака да ги инвестира своите пари во услугите што компанијата ги обезбедува во моментов, како што е можноста што им ја дава на своите клиенти да купат нешто сега и да платат подоцна.

Овие услуги напредуваа на веб-страниците на мало за време на пандемијата КОВИД-19, бидејќи повеќе луѓе се свртеа кон купување преку Интернет.

Коментарите на PayPal доаѓаат во време на раст на пазарот на биткоин, откако компанијата за електрични возила на Елон Маск, Tesla откри дека купиле криптовалута за 1,5 милијарди долари и наскоро ќе ја прифати како начин на плаќање за автомобилите.

По објавата на TEsla, голем број компании ги искажаа своите ставови на оваа тема.

Извршниот директор на Uber Technologies Inc., Дара Косровшахи, рече дека компанијата разговарала и „брзо ја отфрлила“ идејата за инвестирање во биткоин. Сепак, тој додаде дека Uber потенцијално може да прифати криптовалута како начин на плаќање.

Twitter Inc соопшти дека сè уште не одлучиле да држи биткоини, додека General Motors Co. соопшти дека ќе разгледа дали биткоинот може да се прифати како средство за плаќање за неговите возила.

Поврзани вести

Ковид 19 ги замрси конците на пивската компанија

msp-admin

Римац откри како направил „автомобил без возач“ (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Како да се збогатите: Вложете туѓи, а не свои пари

msp-admin