СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Тојота“ нема да го обнови производството во своите погони во европските земји најмалку до 20 април

Водечкиот јапонски производител на автомобили „Тојота“ нема да го обнови производството во своите погони во европските земји најмалку до 20 април поради ширењето на новиот коронавирус.

Станува збор за погоди во Турција, Португалија, Велика Британија, Полска, Чешка и Франција кои не работат од 16 март. Фабриката во Санкт Петербург е затворена за периодот од 28 март до 5 април.

Во моментов, сите фабрики на Тојота во европскиот регион не работат. Минатата година компанијата произведе околу 780,000 возила во Европа.

Поради коронавирусот, јапонскиот концерн претходно делумно го запре производството во своите погони во Северна Америка и Југоисточна Азија.

Поврзани вести

„Визер“: 24 нови рути на пазарите во поранешна Југославија

Влатко Зорба

PwC: Жените повеќе губеле работата од мажите во 2020 година

Влатко Зорба

Магнет за оние кои сакаат лесна заработувачка: Како функционира измамата со клон компании?

Влатко Зорба