СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Три работи кои можете да ги направите со вашите пари, сега додека владее коронавирусот

Иако не можете да влијаете на многу нешта поради коронавирусот, постои нешто што можете да го контролирате – вашиот паричник, пишува „Телеграф“.

Иако не можете да контролирате кога пазарите ќе се опорават или кога ќе се вратиме на вообичаените рутини, има некои работи на кои можете да влијаете, кога станува збор за вашите пари.

1. Штедење

Ако сè уште имате плата, сега е времето да бидете упорни и дисциплинирани. Ако досега не сте имале свој фонд за „црни денови“, ова е вистинско време да формирате.

Поединечни земји, како што е Америка, подготвуваат еднократна исплата од 1.200 долари. Ако нашата влада усвои било каква еднократна деловна помош, а вие и понатаму имате плата, треба да размислите за идејата да ја ставите таа сума во вашиот фонд за „црни денови“.

2. Работете на вашите финансиски цели

Светот околу нас изгледа поразлично од пред неколку недели, но тоа не значи дека морате да ги промените вашите долгорочни финансиски цели.

Ако сè уште сакате да купите стан, куќа, да одите на подолг одмор или да заштедите солидна сума за пензија, продолжете да работите на тие цели на кој било можен начин.

Патот до остварувањето на вашите цели може да наиде на препреки, но стратегијата е веројатно иста. Прилагодете се ако е потребно, но не се откажувајте од вашите планови сега.

3. Вашето осигурување

Ако сè уште немате животно осигурување, но имате семејство кое зависи од вас, веројатно е време да размислите да купите полиса.

Животното осигурување е еднакво лесно да се добие, како што беше и пред пандемијата на коронавирус, а цените остануваат прифатливи.

Покрај животното, размислете и за здравствено осигурување.

 

Поврзани вести

Димковски: Градењето партнерски однос е особено важно за стабилен пласман на производството

Хемискиот гигант „Баер“ плаќа оштета од 11 милијарди долари

Хрватска го доби најголемиот удар на економијата во својата историја

Stefanija Kuzmanovska