СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Прогресивното оданочување не ги зголемило трошоци за работа кај 51 отсто од фирмите

Промената на даночната политика и воведувањето на прогресивното оданочување на данокот на личен доход кај 51 отсто од компаниите членки на Стопанската комора на Македонија не влијае на зголемување на нивните трошоци за работа, ниту, пак, врз промена на нивните деловни одлуки, а кај 49 отсто има влијание. Кај 23 отсто од компаниите промената влијае и на одложување на нивните деловни одлуки.

Ова го покажуваат резултатите од анкетата за работењето на фирмите во првите седум месеци од годинава, направена од Комората на почетокот на септември врз репрезентативен пример од 200 компании од различни дејности од кои некои се со над 1.000 вработени. Најголем дел од анкетираните компании се од индустријата, градежништвото, информатиката, компјутерското програмирање, металургијта, енергетиката, угостителство, туризам и комунална дејност. Тие апелираат за подобро справување со сивата економија за да не падне товарот само врз оние што ги сервисираат обврските.

-Во фирмита во кои промената нема вијание најмногу се застапени компании од градежништвото, преработувачката индустрија, снабдување со вода и отстранување на отпадни води, како и фирмите кои работат во рамки на технолошкоиндустриските развојни зони (ТИРЗ), бидејќи трошоците за даноци во фирмите во ТИРЗ влегуваат во рамки на утврдената државна помош. Клучна причина поради која променетата  даночна политика нема влијание во овие сектори се пониските плати, а во некои од фирмите платите се дефинирани во бруто износ и зголемувањето паднало на товар на вработените, рече Анета Димовска од Стопанската комора на Македонија на денешната прес-конференција.

Во 49 отсто од компанииите кај кои воведувањето на прогресивното оданочување има влијание на нивните трошоци на работа, додаде, дури 65 отсто тврдат дека зголемените трошоци се должат на оданочување на доход од работа, односно трошоците за плати, а кај остатокот од фирмите зголемените трошоци се должат на друг вид на трошоци.

-Трошоците за плата се зголемени за повеќе од пет отсто во дејностите: услуги во врска со информатичка технологија и компјутери и компјутерско програмирање, консултантски и информативни услужни дејности. Зголемување на трошокот има и во финансиските дејности од 1,5 отсто па до 15 отсто кај институциите од областа на осигурување, реосигурување и друго кредитно посредување, во услужни дејности поврзани со воздухопловниот превоз, пак, зголемувањето е за три отсто. Кај останатите компании кои се произнеле за зголемување на трошоците, тие се должат на зголемување на трошоците за данок врз основа на доход на закуп и подзакуп, права од индустриска сопственост, авторски  и сродни права, доход од самостојна дејност, рече Димовска и додаде дека трошоците за закуп и подзакуп се зголемени од шест, па до 90 отсто.

Од вкупниот број на анкетирани, прецизира, 23 отсто се произнеле дека променетата даночна политика влијае врз промена на нивните деловни одлуки и тоа во насока на одложување на планирани активности за инвестирање во реновирање на објекти,…

-Дел од компаниите биле принудени да ги намалат трошоците преку намалување на бројот на вработени, а добар дел на компаниите од ИТ секторот рекоа дека промената во даночната политика предизвика зголемување на цените на услугите во дејноста, бидејќи имаат зголемени трошоци за плата и за надворешни соработници, рече Димовска.

Таа посочи дека во првите седум месеци од годинава најголемо зголемување на наплатата на даноци има кај приходите од имот и имотни права, односно од закуп и подзакуп за 62,9 отсто, кај приходите од земјоделство и шумарство зголемувањето е 62,7 отсто, а кај плати и други примања има раст од 9,4 проценти или за 1,4 милијарди денари повеќе од лани.

-Врз основа на јавно достапните податоци не може да се утврди колкав дел од овој раст се должи на воведувањето на прогресивната стапка од 18 отсто, а колку на растот на платите, бидејќи во првите седум месеци нето платите пораснаа за 3,6, а бруто платите за 4,8 отсто. Покрај тоа се зголеми и стапката на вработеност, појасни Димовска.

Кај приходите од капитал, посочи, забележан е раст од 3,5 отсто, кај приходите од капитални добивки има намалување на приходите од 37,7 отсто.

Поврзани вести

Се докапитализира Развојната банка за спроведување на КОВИД-19 мерките

Влатко Зорба

Влада: Усвоена информацијата за извршување на Буџетот во првиот квартал

Влатко Зорба

МФ: Заклучно вториот квартал од 2020 јавниот долг изнесува 59,5 отсто