СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈАКОМПАНИИ

За еден ден заработил 5,1 милијарди долари!

Претседателот и извршниот директор на ЛВМХ групацијата, Бернар Арно во чија сопственост се луксузните брендови, Диор, Луј Витон и Хенеси во еден ден заработил 5,1 милијарди долари.

Откако во средата беше објавено дека продажбата на ЛВМХ пораснала за 17 отсто, цената на акциите на компанијата оствариле раст за 5,6 отсто и богатството на Арно се зголемило на 99 милијарди долари.

Според пишувањето на Форбс, парискиот конгломерат најголемиот раст на продажба го забележал во Хонгконг, и покрај протестите кои се одржуваат во тој автономен кинески град.
Во последниот квартал продажбата пораснала за 12 отсто и тоа повеќето козметика.

Од компанијата напоменуваат дека тоа може да се припише на неодамна отворената продавница на Сефора во Хонгконг.

Арно во април стана трет најбогат човек во светот. Пред него на листата на најбогати во светот се Џеф Базос од Амазон чие богатство се проценува на 107 милијарди долари и Бил Гејст од Мајкрософт со 105 милијарди долари.

„Лансирањето на производите сега мора да биде глобално за да бидеме успешни. Тоа бара и повеќе вложувања. Она што ЛВМХ групацијата прави е создавање на нови производи и нивна продажба низ светот“, изјави Арно за Форбс во 2017 година.

Поврзани вести

Заев: Во последните 8 месеци потпишавме 48 договори за државна финансиска поддршка за нови инвестиции

Влатко Зорба

„Неотел“ со нова промоција по повод отворањето на продажен салон

msp-admin

Проектот на Huawei за 5G приватна мрежа ја освои наградата за развој на пазарот во 2021

Влатко Зорба